Loyalty program
На нашата веб страна можете да креирате профил на вашата компанија или пак личен профил со вашите целосни карактеристики и приоритети како патник. Профилот ќе ви овозможи преглед на сите услуги кои вие ги користите во текот на целата година преку Travel Solution.Каде сте патувале, кога, како и колку ве чинело, ќе може да проверите 24/7 online на самaта веб страница со ваше логирање.
Со секоја користена услуга се евидентираат поени на вашиот профил кои ќе ви донесат одредени погодности и награди!
Што треба да направите за да собирате поени
- Креирајте личен или корпоративен профил на нашата веб страна во делот „Travel Solution профил“
- Исконтактрирајте ја нашата агенција, притоа кажете го вашето корисничко име, а ние ќе ви помогнеме да ја изберете услугата која најмногу ви одговара. info@travelsolution.com.mk 02 3 209 865 / 02 3 209 866/ 072238238
- Со самото купување на услуга од нашата агенција автоматски ви се пресметуваат поени. Логирајте се на нашиот веб сајт и погледнете ја вашата состојба 24/7.
Начин на собирање на поени
Поените можете да ги соберете користејќи ги следните услуги:
Авионски билети
10 до 40 поени
(10 поени за билет од нискобуџетни, 20 од редовни и 40 од прекуокенски авио превозници)
Хотелско сместување
10% од вкупната сума во евра изразена во поени
(пр. за хотелско сметсување од 250 EUR добивате 25 поени)
Осигурување
30% од сумата на осигурувањето во евра изразена во поени
(пр. за осигурување кое чини 20EUR добивате 6 поени)
За секоја
RENT A CAR услуга добивате 10 поени.
Како до ваучер?
Со собрани минимум 500 поени може да подигнете ваучер. Ваучерот изнесува 10% од собраните поени и можете да го искористите за било која услуга од Travel Solution.
(пр. со 500 поени ќе добиете ваучер од 50EUR итн.)
Поените се преносливи од година на година, а вие одлучувате кога сакате да го подигнете вашиот ваучер.
Ваучерот може да го искористите во Travel Solution за било која од услугите кои ви ги нудиме.
Преку нашата услуга за собирање поени и наградување, добивате повеќе со секое патување. Дополнително, нашиот систем ќе ви овозможи да имате преглед на сите услуги што ги користите во нашата агенција, а истовремено нас нѝ помагате најдобро да ги прилагодиме услугите кои ги задоволуваат вашите потреби и желби.
Се надеваме дека нашата агенција ќе биде ваш избор.